Мицкоски ќе оствари средба со унгарскиот министер за надворешни работи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес ќе одржи билатерална средба со Петер Сијарто, министер за надворешни работи на Унгарија.

Средбата ќе се одржи во Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата соопштуваат дека во 12 часот, по завршување на билатералната средба, ќе се одржи заедничка прес конференција на Мицкоски и Сијарто.