Мицкоски: Ќе предложиме законски за намалување на ДДВ-то на електричната енергија и на основните прехранбени производи

Како ВМРО-ДПМНЕ и коалиција го поддржавме замрзнувањето на цените, бидејќи тоа беше еден момент многу тежок за граѓаните со огромно високо ниво на стапка на инфлација. А, она коешто го добив како вест е токму она што Вие го кажувате, а тоа е дека се одмрзнуваат претходно замрзнатите цени што значи дека сега пазарот ќе ја утврдува цената односно пазарот е тој којшто ќе ја диктира цената, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,  Христијан Мицкоски од општина Конче.

„Стравувам за можни последици во делот на инфлацијата и затоа ние како ВМРО-ДПМНЕ и како пратеничка група во парламентот ќе предложиме законски измени во два дела“, рече Мицкоски,

Додаде дека првиот дел е повторно враќање на данокот на додадена вредност за електричната енергија на 5 отсто, бидејќи министерот Фатмир Битиќи веќе најавува дека ќе се враќа онаа стапка од 18 проценти.

„Исто така ќе предложиме намалување на стапката на данокот на додадена вредност за основните прехранбени производи“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Посочи дека вистинска влада која вистински се грижи за своите граѓани ќе скрати од своите луксузирања од бесрамното трошење и криминалното трошење на народните пари во тендери во четири очи. И на тој начин ќе помогне да се зачува и онака кревкиот стандард на граѓаните.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.