Мицкоски: Ќе се откажам од привилегиите кои доаѓаат со премиерската функција

Ќе се откажам од дел од привилегиите кои следуваат со функцијата, ќе предложам на седница на влада мерки за намалување на даноците, нешто чии детали ќе ги објавам во периодов што следи, и ќе предложам акциски план за младите и пензионерите со чии мерки ќе се влијае на подобрување на нивната состојба, вели Христијан Мицкоски, челникот на ВМРО-ДПМНЕ, во разговорот за Прес24 објавен во саботата.

„Луѓето со нас можат да бидат комотни и сигурни дека тоа што ќе го ветиме и ќе го исполниме. Кога ќе ветам победа, мислам на победа на изборите и формирање на влада. Не чув од Заев да одговори на вакво прашање, а нема да одговори зошто знае дека ќе загуби. Македонија мора да го надомести загубеното и да оди вистински напред“, вели Мицкоски во интервју за Прес24.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, сепак, не открива кои се неговите адути за носители на шестте изборни единици, но најавува „многу нови имиња“ во политичката сцена.

Еден од неговите приоритети е суштинската борба против корупција, затоа биле и сериозните забелешки за законот за јавно обвинителство, за чие незгласување вината ја префрла на власта, посочувајчи дека овој закон е да се продолжи уривањето на правниот систем кој сака да го прави Заев. Лидерот на опозицијата смета дека Законот е проитвуставен, во спротивност со кривичниот закон и не обезбедува борба против корупцијата, туку заштита на криминалот, и ќе значи само продолжување на легализираниот криминал на СЈО во формата на ОЈО.

„Не сакам да бидам премиер кој ќе ги дознава предвреме судските одлуки како Заев само затоа што ги нарачувал. Нарачки нема да поминат. Не сакам моите соработници да се заштитена каста за која нема да важат законите. Одговороста мора да почне од највисоките носители на власта. Разработуваме прецизна стратегија за борба против коруцијата и криминалот. Верувајте тоа ќе биде најсеопфатната акција против престапниците на законот. Потребни се драстични мерки кои ќе овозможат правда која ќе ја донесеме, затоа што е алармантна состојбата. Во текот на овој месец ќе презентираме дел од тие мерки“, одговора Мицкоски на прањатата кој е неговит план за сузбивање на корупцијата.

На прашањето дека ова ќе биде негово трето соочување со Заев, по претседателските и локалните избори, на кои победи СДСМ, Мицкоски потсетува дека неговиот политички противник на позицијата премиер дојде без изборна победа, но и укажува дека има многу показатели за манипулации на спомнатите избори.

„Ќе потсетам тој е првиот премиер кој дојде на таа позиција без да победи на парламентарни избори, прво беше дебалкот кој се случи на изборите 2014-та година и поразот во 2016-та година. А што се однесува до референдумот тој не беше успешен и огромното мнозинство не излезе да гласа, како што и јас самиот не излегов, а првиот круг од претседателските избори ВМРО-ДПМНЕ направи одличен резултат додека СДСМ изгуби огромен број на гласови. Веќе во вториот круг настапи математиката и се разбира “кешот” и сето она што е на располагање на власта, а кое сосема веродостојно го гледавме во еден скорошен скандал објавен од Ла Верита, каде се опишува методологијата на работа на СДСМ на изборите. Но сега тој филм нема да се повтори, пред се затоа што народот ги прочита и е одлучен дека Зоран Заев е време да се испрати во политичка пензија, но и воедно да се заштити и воспостави правната држава која се урива годините наназад. Вакво руинирање Македонија не доживеала со децении наназад. Во овие три години имаме само порази од кои човек може само да се срами, но не и гордее. Со искривена кичма нема напредок“, вели Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е убеден во убедлива победа на предвремените парламентарни избори на 12-ти април која ќе дојде благодарејќи на реалната понуда за избирачите.

„Сосема е извесно дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја добие наголемата поддршка на изборите и таа ќе биде убедлива. Верувам во тоа затоа што верувам во народот, но и го гледам хаосот кој го прават во земјата и знам дека мора и може подобро. Со напорна работа и со реална понуда која ќе биде одговор на потребите на граѓаните, со издржан план и програма ќе обезбедиме поддршка од граѓаните. Нема да ветуваме нерални работи, но луѓето со нас можат да бидат комотни и сигурни дека тоа што ќе го ветиме и ќе го исполниме. Кога ќе ветам победа, мислам на победа на изборите и формирање на влада. Не чув од Заев да одговори на вакво прашање, а нема да одговори зошто знае дека ќе загуби. Македонија мора да го надомести загубеното и да оди вистински напред“, заклучува Мицкоски.