Мицкоски: Единственото обвинение по поминатиот рок на СЈО беше против ВМРО-ДПМНЕ

70

Единственото обвинение покрената после 30 јуни 2017 година е покренато исклучиво против ВМРО-ДПМНЕ и тоа е предметот Талир, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Топ Тема на Телма Телевизија.

Мицкоски истакна дека целта на тоа обвинение после законскиот рок на СЈО е тоа што не можат на поинаков начин да го победат ВМРО-ДПМНЕ, и затоа го форсираат тој предмет за најпрвин да му извршат забрана за политичко дејствување, а потоа и да го забранат ВМРО-ДПМНЕ. Тоа што тужителите од СДСМ и главниот јавен тужител од СДСМ не успеале во рамките на законскиот рок да докажат и да донесат пресуди тоа е нивен неуспех и минус, а притоа потрошиле милиони народни пари и сега бараат продолжување на тој рок за повторно да ги уживаат тие привилегии, потенцираше Мицкоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.