Мицкоски: Египќаните се составен дел од македонското општество со векови и се дел од нашата култура и традиција

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го честита 24-ти јуни, Меѓународниот ден на балканските египќани.

Египќаните се составен дел од македонското општество со векови и се дел од нашата култура и традиција. Тие секогаш биле кохезивен фактор и се залагале за просперитетно општество. Во овие турбулентни момент за Македонија, со изразито иселување, сиромаштија и криминал и корупција на сите полиња потребно е единство и желба за проспeритет. Иднината ќе биде сигурна само доколку имаме ефикасна правна држава се избориме за обнова и економски слободи за сите. Благостојбата на државата е од значење за сите, затоа да се обединиме и кон создавање подобра иднина, за сите и заедничка обнова, порача Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на балканските египќани им го честита празникот со искрени желби за многу здравје, среќа и радости, просперитет.