Мицкоски: Економијата оди надоле, затоа што имаме опасна неспособност на владата на Заев и Спасовски

Покрај серија на прес конференции на власта за тоа како добро се живее и колку многу се помага на економијата, во реалноста имаме вистински хаос од проблеми, беспарица и тежок живот, изјави во петокот на прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Истакна дека голем преставва лошто менаџирање со кризта предизвикана од епидемијата на коронавирусот, но како што посочи,  подеднакво лошо дури и многу хаотично е во економијата.

„Имаме три пакета мерки и многу пластично можат да се споредат ефектите од нив. Бенефити нема, се полошо е во економијата а најновиот пакет мерки освен за пи-ар нема никаква корисна функција, односно може слободно да се каже дека претставува изборна измама. Имама која сега се вика трет пакет на мерки, а иста како онаа дека ќе имало просечна платат од 500тини евра, чист воздух, ќе дошол живот, ќе имало реформи во судството и правосудството, правда за секого, фејсбук и гугл ќе дошле ќе инвестирале во Македонија итн.“, рече Мицкоски.

Саркастично оцени дека единственото економско достигнување остварливо за владата е дефицитот и тоа е околу 200 милиони евра за четири месеци, при што секои семејство во земјата е задолжено со нови долгови, а  граѓанинот исто како и бизнисот мака мачат да врзат крај со крај.

Мицкоски порача дека тоа не смее да биде поле за добивање политички поени, туку да се укаже дека вака повеќе не оди и дека економијата страда.

„А економијата оди надоле затоа што имаме опасна неспособност на владата на Заев и Спасовски. Само датумите се нови, а исти се лагите, невистините и манипулациите“, констатираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение се осврна на неколку конкретни показатели врз основа на кои било одлучено на првата лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски да се воведе вонредна состојба.

„На тој состанок постоеја две причини за да се воведе вонредната состојба и тоа првата беше поради тоа што имаше потреба да бидат одложени веќе закажаните предвремени парламентарни избори кои што требаше да се одржат на 12 април и втората беше дека е потребно да се донесе пакет економски мерки кои што ќе бидат помош за граѓаните, но и помош за стопанството. Што се случи? Се донесе уредба со сила на закон за одложување на изборите кој што ја нема легитимитетот од опозицијата и за тоа зборував во неколку наврати изминатите денови за време на моите изјави кои што ги давав во јавноста, бидејќи ќе спомена уште еднаш техничкиот министер во Министерството за внатрешни работи не ја гласаше таа уредба од причини веќе познати на јавноста., а кога сме кај сетот економски мерки би сакал малку подетално да се осврнам на ефектот од истите“, појасни Мицкоски.

Одбележа дека денеска е точно 66-от ден од воведување на вонредната состојба, и притоа Мицкоски посочи дека нема да се задржува на уредбите со сила на закон кои што некому му донесоа лиценца за одгледување на марихуана, и оти нема да ги коментира уредбите за брусење на сонцето од Култеш или уредбите коишто требаше вонредно да извршат исплата на платите на поранешните вработени во Специјалното јавно обвинителство, како и десетина такви уредби.

Мицкоски рече дека во денешното обраќање сака да задржи само на оние уредби кои што требаше всушност да бидат економска поддршка за граѓаните и за стопанството.

„Во првиот сет мерки коишто ги донесе ресорниот министер и владата, две беа точките кои што беа клучни и тоа 50 проценти субвенција на придонесите и втората  е одложување на аконтацијата на данокот на добивка за втората ќе повторам буџетски импликации нема, а за првата да има и во продолжение ќе ја запознам јавноста колкава е искористеноста на таа мерка. Вториот сет на мерки беше мерката 14.500 денари помош за компаниите или минимална плата помош за компаниите за месеците април и мај и покрај тоа што ние како опозиција велевме немојте да го оставате стопанството 2 месеца без никаква помош, ајде да го вклучиме и месец март бидејќи стопанството мора да остане живо бидејќи само живо стопанство и реален сектор значат стабилна и загарантирана иднина за нашата држава и за нашите граѓани“, рече Мицкоски.

Меѓутоа, како што истакна, реалноста е сосема спротивна, и посочи притоа дека вкупно беа предвидени 60-ина милиони евра месечно помош во мај и јуни, односно во  мај требаше да биде исплатена помошта за месецот април и во јуни треба да биде исплатена помошта за мај и со тоа да бидат опфатени вкупно 250.000 граѓани.

„Но, каква е реалноста? Вкупно во месец мај помош за месец април добиле 17. 813 правни субјекти или компании или вкупно 110 илјади вработени што е за два и пол пати речиси помалку од тоа што беше предвидено со уредбата а во вкупен износ, а во вкупен износ се исплатени  нешто повеќе од една 1,5 милијарди денари или околу 25 милиони евра што е за нешто повеќе од 2 пати помалку од она кое што претходно го најавуваше владата. Економската поддршка за стопанството која што беше опфатена во првиот и вториот сет на мерки не само што не е исполнета и не само што не е испорачана како што била планирана и ветена пред стопанството и реалниот сектор туку е 2 до 2 ипол пати помала споредено со она кое што беше ветувано“, посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Појасни дека доколку вонредната состојба заврши на 30-ти мај и доколку претседателот Пендаровски не одлучи да ја продолжи вонредната состојба, од тој момент престанува на сила уредбата во која е суспендиран членот 8 а од Изборниот законик, што значи дека помошта којашто треба стопанството да ја добие во јуни, а се однесува за мај не може да ја добие доколку избори се случат во следните 60 дена започнувајќи од 31-ви мај завршувајќи во 31-ти јули.

„Тоа е уште една лага која што е испорачана од ресорниот министер, Заев и Спасовски. Доаѓаме до најголемата лага а тоа е т.н. трет сет на мерки кој што четврти пат ни се најавува на четврта различна прес конференција од трана на ресорниот министер. Овој трет сет на мерки опфаќа три групи на мерки кои што ги предвидела владата. И тоа првиот е посветен на поттикнување на јавната потрошувачка и се однесува на помош кон граѓаните, вториот е исто така помош кон стопанството и третиот е помош кон земјоделието и земјоделците“, рече уште Мицкоски.

Според него третиот пакет мерки се всушност мерки кои се и онака дел од програмата на работа на Министерството за земјоделие и Мицкоски истакна дека не е познато на каков начин истите тие мерки кои од практично мерки кои се редовен план на работа во министерството за земјоделие стануваат антикризни мерки.

„Но, кога станува збор за првата група од третиот сет на мерки, би ги издвоил следниве подгрупи, и тоа првата се 150 евра ваучер за граѓани коишто ќе бидат оценети по методологија која што се уште никој не ја знае како изгледа и каква е и ќе бидат исплатени ваучери по методологија која што никој не ја знае каква е и на кој начин ќе им бидат исплатени. И она што никој не го знае од каде ќе бидат исплатени тие средства. Втората под мерка е 100 евра ваучер за туризам и 50 евра џепарлак, исто така не се знае  која група на граѓани по која методологија ќе бидат опфатени и не се знае начинот и средствата кои што ќе бидат искористени и по која методологија ќе бидат исплатени овие мерки. И третата подгрупа се 100 евра за студентите и средношколци, основците се тука заборавени, не знам зошто, и 50 евра дополнителен џепарлак“, рече Мицкоски.

За негова сите овие мерки имаат цел да бидат само предизборно ветување во обид за поткуп преку еднократна мерка којашто практично, а така според Мицкоски, веруваат во Владата ќе обезбеди поддршка од страна на граѓаните кои што ќе бидат евентуални корисници на овие мерки по парламентарните избори.

„Зошто? Затоа што истото што важеше за вториот сет на мерки,  ќе важи и за третиот сет на мерки, односно веднаш после 30 мај доколку не биде продолжена вонредната состојба а сите изгледи се такви дека нема можност за продолжување, членот 8 а од изборниот законик стапува на сила  и сите овие вонредни исплаќања на плати, социјална помош или други исплати и материјални надоместоци кои што не се редовни месечни примања, се кривично дело кое што е казниво со закон и затворска казна од минимум 5 години. Ја  користам ова прилика, до сите оние кои што ќе се обидат на ваков начин, лажно и лицемерно да  ветуваат, сите оние кои што ќе се обидат да поткупат, сите оние кои што ќе сторат кривично дело ќе добијат кривична пријава“, додаде Мицкоски.

Го искористи обраќањето пред новинарите да ја повика Државната комисија за спречување на корупција и судир на интереси и антикорупциска комисија, да излезе со став за сево ова коешто „изминативе денови по четврти пат од ресорниот министер и од владата им беше соопштувано  на македонската јавност, им беше ветувани нешто што никогаш нема да се исполни“.

На граѓаните Мицскоски притоа им порача да бидат спокојни, зашто по завршување на парламентарните избори новата влада за којашто тој е убеден дека ќе ја предводи  од ВМРО-ДПМНЕ, сето она што пред, беше земено како обврска од страна на оваа влада на СДСМ , ќе биде исполнето.

„Ние не сме влада која што носе еднократни мерки за поткуп. Ние сме влада која што има стратегија и јасен пристап како ќе се обнови Македонија после пандемијата со коронавирусот. Да бидат спокојни и бизнисмените ќе го добијат ветениот рамен данок од 8%. Да бидат спокојни и вработените ќе ги добијат ветените покачувања. Да бидат спокојни граѓаните ќе се изградат автопатите и ветените патишта. Да бидат спокојни земјоделците ќе ги добијат сопствените субвенции. На нас ни е потребна стратегија, а не ни се потребни еднократни мерки. Да бидат спокојни докторите, младите, студентите, средношколците, основците, пензионерите, сето она кое што ВМРО-ДПМНЕ го вети, во новата влада ќе го испорача и  не само тоа туку и сето она кое пред вас го презема како обврска оваа влада во заминување  предводена од двоецот Заев и Спасовски“, заклучи Мицкоски.