Мицкоски: ЕПП го поставува стратешкиот патоказ за нашето политичко семејство

Ми беше задоволство да се обратам на Конгресот на Европската народна партија (ЕПП), кој има за цел да го постави стратешкиот патоказ на нашето политичко семејство во наредните години, објави по своето обраќање во Загреб челникот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на социјалната мрежа Instagram.

Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски во средата и четвртокот учествува на дводневниот изборен конгрес на европските конзервативни партии на кој единствен кандидат за нов лидер на ЕПП е претседателот на Европскиот совет во заминување, Доналд Туск.

Претходно во текот на своето излагање, Мицкоски истакна дека македонското општество мора да се европеизира однатре, затоа што ова е единствениот начин да ја постави нацијата на брз пат кон членството во Европската унија. Македонија припаѓа во Европската унија, рече во продолжени Мицкоски, и од партнерите од редовите на европските конзерватици побара да ја извршат својата улога во ширењето на оваа порака