Мицкоски: Фактите говорат дека двоецот Заев-Филипче најкатастрофално се справуваат со ковид-кризата, рекордери сме на Балканот и во Европа по починати и инфицирани

По денешната средба во МАСИТ претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на новинарско прашање околу КОВИД кризата и како со неа се справуваат премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче, истакна дека фактите говорат дека тие воопшто не се справуваат со кризата. Сите факти говорат дека Македонија најкатастрофално се справува со короната на Балканот, а и во Европа.

„Јавноста нека суди, а фактите се следни. Рекордери сме по бројот на инфицирани на 100 илјади жители во Европа, а и на Балканот сигурно, за жал рекордери сме и по бројот на починати луѓе на 100 илјади жители на Балканот, ако не и во Европа, факт е дека сме последни во Европа по бројот на имунизирани како последица на вакцинирањето, па еве нека оцени јавноста дали добро се справуваат или најкатастрофално се справуваат во Европа двоецот Заев – Филипче. Еве јас нема да коментирам повеќе, само ги кажав фактите, а јавноста е таа што е најголем параметар дали ние се справуваме добро или најкатастрофално“, посочи Мицкоски.

Околу прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ ќе даде поддршка во Собранието за измени во законот за поевтино приватно лекување на ковид-пациентите, Мицкоски рече дека ќе го поддржат тоа, но и ќе предложат рефундирање на парите на оние пациенти кои поради недостаток на легла во државните болници морале да заминат на лекување во приватните.

„Несамо што ќе поддржиме туку и ќе предложиме да оние пациенти кои досега ги користеа услугите на приватните болници доколку имаат соодветен доказ и да го приложат и државата е должна да на тие луѓе да им ги рефундира трошоците. Затоа што 14 месеци потоа, по четири илјади починати луѓе, повеќе од 130 илјади заболени и дури денеска, односно вчера им текнува дека треба да ги ограничат услугите кај приватните болници. Тоа требаше на почеток да се случи. Кога веќе не се случи на почеток, дај барем да им ги рефундираме трошоците на луѓето кои до сега ги направија, изјави Мицкоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.