Мицкоски: Фирмите во Битола се борат за егзистенција, власта сервира лажна реалност, бизнисмените разочарани

32

Нема ефект од државната помош за стопанството во Битола, фирмите се борат за егзистенција, големи разочарувања од локалната власт, власта во Битола сервира лажна реалност. Денеска сме овде во Битола само што завршивме со состанокот со Стопанската комора во Битола, разговаравме со стопанствениците за она како тие ја гледаат реалноста, не онаа реалност којашто се сервира преку Илинденска број 2, Зоран Заев и СДСМ, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Луѓето го кажаа своето мислење, дека тешко се работи дека од ветената помош буквално нема ништо, никаков ефект, мака мачат од први до први да обезбедат плата за вработените и да ги задржат вработените, да го задржат својот бизнис. Тоа се луѓе коишто го граделе својот бизнис неколку децении, разочарани се од неефикасноста на администрацијата од локалната самоуправа. Генерално ги презентираа своите гледишта околу тоа како треба да се развива Битола, и дадоа свои коментари и совети за централната власт, односно Владата со какво внимание и со кое внимание треба да се посвети на Битола и околината на Битола. И генерално за Пелагонискиот регион проблем останува високото ниво на криминал и корупција она коешто го нотираат и меѓународните институции како што е Транспаренси интернешнл. Отворивме дискусија околу инфраструктурните проекти кои би требало да најдат место во програмата за локалните избори со којашто ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе овде во Битола. Пред се тука се мисли на патиштата, поврзувањето помеѓу определени делови на градот, достоинствено поврзување со водовод и канализација, помагање на локалната економија – рече Мицкоски.

Генерално плоден состанок, учиме од бизнис заедницата, учиме од граѓаните, сакаме навистина како и секогаш да излеземе со квалитетна програма пред граѓаните, како и програма којашто ќе ја реализираме, додаде тој.

– ВМРО-ДПМНЕ е државотворна партија, таква била изминативе 30-тина години, така ќе продолжи и да се однесува и во иднина, очекуваме победа овде во Битола и продолжуваме денеска на состаноци со битолчани – истакна Мицкоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.