Мицкоски го афирмира барањето за средба со Ковачевски: Суетата на политичарите од власта не е поважна од судбината на граѓаните

Ниту една суета, а најмалку таа на Ковачевски е поважна од иднината и благосостојбата на граѓаните во овие сериозни времиња, брифираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата оценуваат дека не е време за театар ниту задкулисни игри, туку е потребно делување.

Затоа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го афирмира барањето за средба со премиерот Ковачевски и неговиот тим за надминување на последиците од енергетската и економска криза.

„Повторуваме, суетата на политичарите од власта не е поважна од судбината на граѓаните“ – брифираат од партијата.