Мицкоски го охрабрува Филипче да се врати на она што најмногу го знае, а тоа е спасување човечки животи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното интервју на ТВ 24 рече дека министерот за здравство Венко Филипче е квалитетен лекар, но не може тоа да го каже ако го оценува како министер.

-Од она што можам да го слушнам од негови пациенти и луѓе што го познаваат, го оценуваат како сосема солиден лекар и дека е познавач на тоа што го работи. Бидејќи потекнувам од лекарското семејство, знам колку тие луѓе се важни.

Затоа го охрабрувам после политичката кариера да се врати на она што најмногу го знае, а тоа е спасување на човечки животи.
Доколку го оценувам како министер, не можам да ги заборавам на тендерите и на хациендите, рече Мицкоски.