Мицкоски го поздрави потпишувањето на протоколот за НАТО

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека го поддржува утрешното потпишување на пристапниот протокол за НАТО, но вели дека Зоран Заев тоа го сторил на недостоинствен начин.

„Секој успех на Република Македонија го поздравувам, иако Заев го направи на недостоинствен начин, тргуваше со нешто што минатите генерации го платиле со своите животи, и го направи тој чин недостоинствен, но секој процес што значи подобрување на животот на сограѓаните го поздравуваме, изјави Мицкоски во Брисел за МИА.

Тој денеска имаше средби со шефот на парламентарната група на Европската Народна Партија, Манфред Вебер, со претседателот на партијата, Жозеф Дол, со претседателот на комисијата за надворешни работи на ЕП, Дејвид Мекалистер како и со известувач за Македонија во ЕП, Иво Вајгл.