Мицкоски ја престрои ВМРО-ДПМНЕ и го нокаутираше СДСМ

Тој пред две години, на 23-ти декември 2017 година, беше избран за нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ на 16-тиот вонреден партиски конгрес во Валандово. 

Ако пред две години, по катастрофалниот пораз на локалните избори за ВМРО-ДМНЕ, помислата дека партијата за која многумина сметаа дека е на работ од распад толку брзо ќе се крене, беше исмевана, денес е повеќе од сигурно дека скептиците биле во голема заблуда.

Партијата не успеа да се избори со „предизвиците“ со кои беше нападната, (инсценирано или не) од „специјалните“ протагонисти кои всушност и беа создадени за дискриминација на врвот на ВМРО-ДПНЕ, но, сепак, приказната појде во поинаков правец со преземањето на лидерската позиција од страна на младиот професор Христијан Мицкоски.

Тој пред две години, на 23-ти декември 2017 година, беше избран за нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ на 16-тиот вонреден партиски конгрес во Валандово.

Како ново лице на главната политичка сцена во Македонија, успеа својата принципиелност и политичка мудрост да ја наметне во јавноста како лидер на кој треба да му се даде шанса, и кој со својата одмереност и родољубивост, многу брзо ја придоби довербата кај граѓаните, но и успеа да го зацврсти членството, кое веќе беше на големо поделено и разочарано.

Најновите анкети потврдуваат дека од политичките лидери, Мицкоски има најголем раст на рејтингот кај граѓаните. За споредба, тој минатата година уживал доверба од 2,9 проценти кај народот, а годинава довербата се искачила на 12,1 процент.

Според последната анкета најголем број од испитаниците одговориле дека голема поддршка и даваат на ВМРО-ДПМНЕ или 26.77 во проценти, додека пак за СДСМ одговориле само 22.78 проценти од граѓаните. Веднаш по нив е Левица со 12.68, ДУИ со 10.58, БЕСА 9.18 проценти, додека пак веднаш по неа е Алијанса на Албанците со 9.09 проценти.

Всушност, рејтингот на Мицкоски почнува да расте со потпишувањето на Преспанскиот договор, со кој, и против неуспешниот Референдум, актуелната власт го смени името на Македонија за севкупна употреба. Голема поддршка кај граѓаните предизвика и цврстиот став на ВМРО-ДПМНЕ против овој договор и ветувањето дека доколку ги добие претстојните избори, и доколку имаат дво третинско мнозинство, ќе го поништат договорот.

„Пред 22 месеца ми велеа ВМРО-ДПМНЕ е распадната партија, ВМРО-ДПМНЕ е поразена, ВМРО-ДПМНЕ е на колена. Ние верувавме во себе, верувавме во ВМРО-ДПМНЕ, верувавме во идејата, верувавме и работевме, па пак работевме и верувавме. Остваривме историски најголем резултат од опозиција на претседателските избори, со историски најдобриот кандидат за претседател што некогаш се појавил во трката за претседателските избори. Сега ни преостанува сета оваа наша мака, сиот наш труд, целата оваа наша енергија, сето она што го вложивме во изминатите 22 месеца како опозиција да го потврдиме на следните предвремени парламентарни избори и сите овие политичари да ги пратиме на темната страна на историјата, а потоа, без разлика на корените од дома и од надвор, следува одговорност, од прв до последен за криминалот што му го направија на овој напатен народ, за сите уништени човечки судбини, неодамна изјави Мицкоски.

Несомнено е дека Мицкоски успеа да ја подигне машинеријата на најголемата македонска партија, и да го устоличи ВМРО-ДПМНЕ повтроно на врвот на македонската политичка сцена. Голем дел од успехот, Мицкоски и’ го должи на власта која им даде примат на криминалните сценарија на сметка на националните интереси.