Мицкоски: Граѓаните на Македонија ќе бираат на кој проект ќе се трошат парите од нивниот данок

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера на трибина на Промоции на политики – Македонија за сите луѓе пред охриѓани промовираше две нови реформи кои што ќе бидат од голема придобивка за сите граѓани.

Првата реформа која ја најави Мицкоски е проектот мој данок за мојот проект во мојата општина, со кој ќе можат граѓаните да бираат за што ќе се трошат нивните пари, а како што порача тој општината ќе биде транспарентна и отчетна и на веб страната ќе мора да бидат објавени проектите и ќе има бројач, односно како ќе се полнат средства од платен данок на имот на општината така тие проекти ќе се реализираат, а не како до сега парите на граѓаните да се крадат и трошат за непродуктивни работи.

Денеска овде од Охрид ќе зборувам за две теми кои што исто така се содржани во концептот Македонија за сите луѓе. Првата е мојот данок, за мојот проект во мојата општина. Сите вие плаќате данок на имот овде, не само во Охрид, туку секаде во Македонија, сите вие годишно еднаш плаќате данок на имот кој што го поседувате вие или вашите блиски. Тој данок денеска најчесто завршува во некоја кафана или во некои непродуктивни трошоци. Граѓаните на Охрид ќе имаат можност самите да изберат за кој проект нивниот данок ќе се троши, но не само во Охрид, туку и низ цела Македонија.Јас сакам мојот данок да биде потрошен за ново игралиште во Лесковец, за нова улица во Велгошти или пак за некој нов парк овде во центарот на Охрид, а не да заврши во некоја кафана со некое ново патничко возило, за некое патување или за некои непродуктивен трошок. Вие ќе бидете господари на вашите средства, а општината ќе биде транспарентна и отчетна на веб страната ќе бидат објавени проектите и ќе има бројач, како ќе се полнат вашите средства во тие проекти така тие проекти ќе се реализираат. Вие сте господари на вашиот проект и вашиот град, не градоначалникот, не општината, не администрацијата. Нема никој повеќе да ве краде, нема веќе кој да ги краде охриѓани, нема кој да ги краде граѓаните во Македонија затоа што вие плаќате за вашиот проект во вашата општина, вели Мицкоски.