Мицкоски: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ нема да користат трошоци за репрезентација и службени автомобили

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното интервју во емисијата „Патот кон“ на телевизија Алсат М, потенцираше дека идните градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ нема да користат трошоци за репрезентација и службени автомобили за сопствени потреби.

Јас не велам да немаат, само им велам да не ги користат. Ценам дека треба да постапат на истиот начин, законски не можете да им забраните да немаат репрезентација, на крајот на денот репрезентација не е само седење по кафана, парафирање ручеци или дивеење со условно кажано пријатели, репрезентација може да биде и нешто друго на пример да купите по еден цвет за 8ми март на колешките кои што се во општината, и тоа е репрезентација и тоа е додека се на некоја обука вработените да организирате некаков ручек и тоа е репрезентација. Јас зборувам да не се злоупотребува, тоа ми е суштината, истакна Мицкоски.

Ама не може законски тоа да го забраните и да сакам, јас не сум над законот, мојата насока е немојте да ја користите за вашите потреби. Обидете е службеното возило да не го користете за вашите потреба. Е сега ако има службени потреби се разбира од точка А до точка Б дека треба да го користи на крајот од денот од многу причини, побрзо да стигне итн. Но, едно е кога го користите службеното возило додека сте во служба, друго е кога го користите после служба. Мене тоа никогаш не ми се случило, ниту пак ќе ми се случи, и првата работ која што ќе ја побарам од нив е ова, немојте да користите репрезентација и немојте да го користите службеното возило надвор од службата. Значи мора да покажеме разлика, вели Мицкоски.