Мицкоски: Граѓаните се разочарани и гневни зашто Заев сака да го менува името за да ја зачува позицијата

Вечерва бев во Берово, граѓаните разочарани и гневни, а во исто време револтирани на Зоран Заев, пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил.

„Човекот бега од дуел, не го пуштаат затоа што е човек кој витка кичма, човек кој кога нема да му оди според планот се заканува или подмитува, мисли се се купува за пари, и затоа на плоштадите сам се фали дека потикнува поткупување на граѓани само за да излезат луѓето да гласаат, тргува со достоинството и честа на Македонија исто како што тоа го прави со нашиот идентитет. Лаже дека ќе имало 13-та плата, а бизнисмените немаат ни за 12 плати годишно да исплатат, а немаат зошто економијата е на колена“, рече Мицкоски.

 

„Пред беровчани реков, добро е што нашите меѓународни пријатели даваат поддршка за евроатланските интеграции, но уште подобро ќе беше барем кога доаѓаат толку често да донесат по една, две инвестиции, за да отвориме нови работни и за да конечно и тргне на земјава, бидејќи сме приковани на дното и затоа што самиот договор нема да го направи животот подобар, напротив. Многу е едноставно Заев се бори да го смени името за да си ја задржи својата фотеља, а камшиците кои вели дека ни требале како земја, можам да кажам дека единствениот кој е потребен е токму за него, затоа што има земји каде престапниците и криминогените луѓе ги казнуваат со камшик. А најголемиот камшик ќе дојде од народот на избори“, додаде челникот на ВМРО-ДПМНЕ