14.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Мицкоски: Граѓаните трајно ја напуштаат Македонија, а Заев вели дека блескаме“

Денес овде од Ташмаруништа доаѓам од мијачкото село Лазарополе. Место преполно со луѓе, врева, џагор. Преубаво место, со живописна природа, своја историја, верувања, обачаи и потенцијал за развој. Но ова за жал е мртво село. Луѓето таму велат дека е вака е само 3-4 дена во годината. Како на тацна можеме да сведочиме за иселувањето кое се случило во 70-сетите години од минатиот век но и последиците кое ги носи тоа. Вистинското прашање е колку многу места во Македонија ја доживуваат истата судбината на Лазарополе во овој момент. Одговорот е премногу.

Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој присуствуваше на денешното одбележување на празникот 2-ри Август, Илинден во струшкото село Ташмаруниште.

-Селата се веќе стара приказна денеска почнуваат градовите да ни се иселуваат и празнат. Жална е сликата низ Македонија, прошетајте во Малешевијата, во Берово, Делчево, дури и Битола, Кичево, но и Тетово и Гостивар, тоа е примерот. Младите се иселуваат, и тоа трајно ја напуштаат нашата земја зошто животот е мачен, тежок и лош, но има и такви кои со подобри финансиски примања се одлучуваат на таков чекор затоа што повеќе не веруваат во системот на државата, затоа што системот е трул. Системот е трул, корумпиран и тој не постои за граѓаните. Постои за оние малкумина од власта предводени од  Зоран Заев и  неколкумина негови блиски, рече Мицкоски и додаде:

„И кога ќе речат дека блескаме знаете дека тоа е така само на телевизијата и оној дел од медиумите кои под силна контрола ја одбегнуваат вистината. А која е вистината, вистината е дека народот не живее подобро. И кога го слушам Зоран Заев како се фали со однапред напишаните податоци и весели математики и селективни споредби во кој што и тој самиот не верува се прашувам во кој свет живее овој човек? Но, едно е сигурно. Одговорот е јасен, сигурно огромно мнозинство граѓани во Република Македонија и тој и малкумината обожаватели околу него дека не живееме во истиот свет“.

Според Мицкоски земјоделците гладуваат и се мачат, сиромаштијата се зголемува, а докторите се незадоволни, студентите бесни.

-Јас ја имам таа прилика како професор на Универзитетот да работам со прекрасни млади луѓе, умни, стројни луѓе кои што си ја сакаат земјата, си ја сакаат Македонија. Но, барем половина од нив после дипломирањето ја напуштаат родната грутка и одлучуваат трајно да заминат од нивната родна земја Република Македонија. И тоа боли и пече, бидејќи секој ден го минуваш заедно со нив, мачејќи се да им ги објасниш оние формули, де им ги објасниш оние законитости во физиката дека каменот најмногу тежи дома. Но, доаѓа кога денот после дипломирањето ќе се погледнеме заедно во очи и тогаш ќе ми кажат, професоре не можам повеќе овде морам да заминам. Тоа е најтешкиот момент кога професорот се дели од студентите, од оние кои што вложил време и труд за да му помогне и да му го покаже патот на иднината.

Би сакал, рече Мицкоски, да се вратам на реалноста и на онаа фалбаџиска прес конференција на која што Зоран Заев ни вели дека економски блескаме, а одеднаш демантот стигна од оној неговиот Завод за државна статистика, оној истиот Државен завод во којшто Зоран Заев неколку дена пред тој да ги објави бројките и вредностите кажува дека ние практично имаме намалено индустриско производство во месец јуни, имаме намалено  број на вработени во индустријата. Зошто? Затоа што не дека блескаме, туку поголемо помрачување во историјата на нашата татковина Република Македонија не се случило.

-Па го гледаме Заев се расфрла со милијарди ивели дека ќе донел 5 милијарди евра инвестиции. Тој и тие тешко собрани со крв и пот платени пари, кои што ги собира од народот не знае како да ги потроши за да обезбеди додадена вредност. Веќе немаме милијарда на Циле, сега имаме 5 милијарди на Заев. Но не сфаќа дека народот видел такви кои се фалат и ветуваат милијарди, но сега за разлика од тогаш народот има искуство со вакви итромани и манипулатори. Јас на ова ќе речам за почеток добро е да си ги одржи оние почетни ветувањата за 500 евра плата и барем неколку километри од тие ветени километри автопат кој што велеше дека ќе ги направи. Да не дозволиме лекарите да ја напуштат Македонија, барем 60.000 денари нека ја направи просек, не мора 100.000 денари од ветените. Тоа ќе го стори владата на ВМРО-ДПМНЕ за неколку месеци од сега на предвремени парламентарни избори.