Мицкоски и порача на ДУИ: На Македонците им е преку глава да бидат граѓани од втор ред

За лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски условите што вчера ги упати ДУИ за премиер Албанец и за прифаќање на бугарските барања, се барања за храбрење на членството на ДУИ во сопствените редови.

„Демократската унија за интеграција, изгледа се чувствува прекомфорно и комотна во ова тригодишната коалиција со СДСМ и мисли дека начинот на којшто функционира со СДСМ, така и со сите останати политички партии. Она што сакам да им го порачам и на нив е да внимаваат како се однесуваат, бидејќи на Македонците и на останатите граѓани во Македонија им е дојдено веќе преку глава да бидат граѓани од втор ред. И таков тип на барања можат да ги задржат само во сопствените редови за храбрење и мотивација на сопственото членство“, изјави денеска Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која се обраќа на сите граѓани без разлика на нивната етничка припадност. Според Мицкоски ваквата реторика и начин на однесување не само што не носи добро, туку напротив само ја заострува ситуацијата во држава и дека поминаа времињата кога ДУИ се чувствуваше комотно и романтично во Владата на Република Македонија.

Инаку преку соопштение до јавноста вчера, ДУИ реагираше дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се исти кога станува збор за влегување на Албанци во врвот на власта и дека порано или подоцна мора да ги прифатат нивните барања за Албанец премиер бидејќи без нив нема да можат да формираат мнозинство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.