10.8 C
Skopje
среда, април 24, 2024

Мицкоски: Имаме црн понеделник, мора да се демонстрира сериозност

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска е во комуникација со повеќе именувани лица од Владата на Спасовски и со Претседателот Пендаровски, загрижен за развојот на настаните и излегувањето од контрола на пандемијата со вирусот.

-Во однос на прес конференцијата на Зоран Заев имам многу да кажам, а сѐ се сведува на тоа дали живеете подобро, дали имате доволно пари, дали ви ги исполнија очекувањата? Нема човек кој е задоволен освен тие кои се околу него и самиот тој…
Но, овој ден јас нема да го користам за преписки и конфликти и дополнително да ги вознемирувам граѓаните како Заев кој покажува отсутност и немање допир со реалноста. Работите се многу посериозни. Имаме црн понеделник, се заразуваат премногу луѓе, премногу и умираат, и јас не знам како само мирно спие овој човек и како се прави како ништо да не се случува и глуми нормалност. Денес сум во комуникација со повеќе именувани лица од Владата на Спасовски и со Претседателот Пендаровски, загрижен за развојот на настаните и излегувањето од контрола на пандемијата со вирусот. Мора да се демонстрира сериозност и да се носат одлуки кои ќе значат заштита на здравјето на граѓаните, стои во неговиот пост на Фејсбук.