Мицкоски: Институциите ќе ги преместиме на оние места низ државата каде ќе има најголема потреба и тежина, ќе ја развиваме цела Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вчерашната трибина Македонија за сите луѓе во Охрид презентираше нова реформа која што досега не е направена, ниту пак предложена од страна на ниту една политичка партија, а тоа е децентрализација на институциите.

Како што рече Мицкоски пред присутните оваа нова реформа ќе се реализира низ сите општини во Македонија, а со самото тоа што државните институции и органи ќе се преместат во други општини како на пример министерството за култура и културните државни институции во Охрид, така ќе си го најдат местото секое нешто онаму каде што тежи и така ќе се развива цела држава.

Втората работа за која што сакам да зборувам е институционалната децентрализација. Тоа е една крупна реформа со која што ВМРО-ДПМНЕ ќе се зафати и тоа нема да биде преку ноќ, можеби ќе треба повеќе време, можеби ќе требаат повеќе години, но еднаш засекогаш мораме да почнеме и да го најдеме местото на секое нешто онаму каде што тежи. Охрид е како што кажав не само на Македонија, Охрид е и на целиот свет, и е културна престолнина, како што кажа Велика нашиот Ерусалим и тука треба да бидат сместени сите државни културни институции и управи, а на крај и самото министерство за култура, тоа се вика институционална децентрализација, институциите таму каде што им е местото. Културата и министерството треба да бидат овде во Охрид, истакна Мицкоски.

Ова ќе биде сериозна реформа, ова ќе биде реформа која што ја заслужуваат охриѓани во културата, во секоја општина граѓаните ќе добијат децентрализирана државна институција, да развиваме насекаде низ Македонија, секоја педа македонска почва да ја развиеме. Овде и е местото на културата, тука во Охрид и сите управи и сите институции ќе бидат овде пренесени а на крај ќе биде и самото министерство за култура, институционална децентрализација, кажа претседателот Мицкоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.