Мицкоски испрати честитки по повод католичкиот Велигден

Денеска католиците се подготвуваат за чествување на еден од најголемите празници – Велигден. По тој повод претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на својот Фејсбук профил им честиташе на скопскиот бискуп Киро Стојанов и Берта Романо Николиќ, претседател на Еврејската заедница во Република Македонија:

Неговите честитки ги пренесуваме во целост

Почитуван г-дине Стојанов,

Mи претставува особено задоволство и чест, во свое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ, Вам и на сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија, да Ви го честитам големиот христијански празник – Велигден.

На најсветлиот и најголемиот христијански празник да Ви посакам мигови на радост, спокој и љубов во секој дом. На денот кога ја славиме победата на животот над смртта да се потсетиме дека само со верба во себе и почит кон другите, ќе успееме да се избориме со сите предизвици и да изградиме просперитетна иднина на нашата држава.

Велигден ни дава голема радост и надеж, не поттикнува да ги надминеме поделбите, да создаваме добри дела и да се почитуваме еден со друг. Само сложни и обединети во овие празнични денови можеме да се избориме за подобра иднина и успех на сите нас.

Воскресението Христово е празник на семејството и ближните и затоа ви посакувам да го минете во мир, здравје и хармонија.

Нека е за многу години големиот празник!

Христос воскресна!

Навистина воскресна!

Мицкоски, честиташе и на Берта Романо Николиќ, Претседател на Еврејската заедница во Република Македонија:

Почитувана г-ѓо Романо Николиќ,

Дозволете ми во мое лично име и во име на партијата на сите граѓани на Република Македонија кои се припадници на Еврејската заедница да ви го честитам големиот празник Песах.

Овој празник ја симболизира слободата на Евреите кој низ милениумите се проткајува ва низ традициите и обичаите но и верата на Еврејската заедница насекаде низ светот, вклучително и во Македонија.

Еврејската заедница во нашата татковина е почитувана и силно поврзана со нашата историја, традиција на мултикултурни и мултиконфесионални вредности, кои заедно сме ги граделе низ историјата.

Токму овие вредности се силната врска која ги поврзува Македонија и Еврејскиот народ кои имаат многу заеднички судбини, падови, но и успеси и заедничка иднина.