Мицкоски: Изостанува суштински напредок во реформите на клучните области економија, судство и владеење на право

И покрај ветувањата на Владата, немаме суштински напредок во реформите на клучните области економија, судство и владеење на правото, изјави во понеделникот лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на еврокомесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, и притоа му посочи дека  ВМРО-ДПМНЕ како партија е во силна одбрана на македонските национални интереси.

На средбата во Брисел станало збор за интегрирањето на Република Македонија во рамките на Европската унија.

„Говоревме за реформите и реформските процеси кои што би требале да се случат во Република Македонија но за жал нивното случување заостанува.Сето тоа некако претставува една добро слово на хартија на имплементацијата. Не можеме да ја почуствуваме и не се случува. Злоупотребата на моќта од страна на Владата предводена од Социјалдемократскиот сојуз, лошите економски потези, лошите реформи во економијата, уназадувањето на економијата. Исто така гледаме дека ништо не се случува од аспект на реформите во судството и судскиот систем. Со еден збор кажано, асолутно го понудивме сиот наш човечки и административен потенцијал како ВМРО-ДПМНЕ за да можеме да придонесеме и да дадеме вредност на што е можна побрза интеграција на Република Македонија во рамките на Европската унија“, изјави Мицкоски.

Секако, продолжи Мицкски, станува збор и за долгогодишниот спор за името којшто го има нашата држава со соседна Република Грција и псочи дека париската делегација го запознавме еврокомесарот Хан за содржината на средбата од саботата во Клубот на пратениците, со владините претставници, со претседателот Ѓорге Иванов, со водството на ДУИ.

„На самиот состанок како што рековме, за нас беше од информативен карактер, конечно дознавме за што станува збор. Го видовме предлогот кој што господинот Нимиц го има доставено до преговарачите, кој што повеќе или помалку и е познат на јавноста. Но исто така потенциравме дека остануваме на патеката за што е можно побрзо интегрирање на Република Македонија во Европската Унија и во НАТО“, истакна Мицкоски по средбата.

Мицкоски му посочил на Хан дека ВМРО-ДПМНЕ како партија е во силна одбрана на македонските национални интереси.

„Истовремено потенциравме дека ВМРО-ДПМНЕ останува на браникот на заштита на државните и национални интереси. Со жалење може исто така да констатираме од она што можеме да го прочитаме деновиве по медиумите, дека за решавање на овој долгогодишен спор помеѓу нашата земја Република Македонија и соседна Република Грција. Се уште во општеството и помеѓу политичките конкуренти во соседна Република Грција не постои консензус. Апелирам што е можно побрзо да се најде консензус и да дојде крајот на решавање на овој долгогодишен спор кој што Република Македонија го има со соседна Грција“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.