Мицкоски: Извршен е атентат на Република Македонија, потребни се избори

30

Имавме состанок со лидери и претставници на политичките партии кои се дел од коалицијата „За подобра Македонија“, која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. Разговаравме околу актуелната политичка и економска состојба во државата и генерално донесовме заклучоци кои произлегоа од опсежната и темелна дебата во рамки на состанокот, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Прво би се задржал на оној процес на уставните измени кои се случија во текот на минатата недела. Претставниците на политичките партии кои се дел од на коалицијата „За подобра Македонија“ го осудија чинот на уцени, на закани, на притисоци, на тргување со правото и правдината, а се со цел остварување на политички цели, за кои сите ние бевме сведоци што се случуваше изминатиот период, практично целосно делегитимирање на правната држава. Македонија практично е држава каде што веќе немаме владеење на правото, рече Мицкоски и додаде:

„Загриженоста беше изразена и во делот на законските измени, а кои се однесуваат на Законот за двојазичност. Оној чин, каде што на еден полушверцерски начин, во доцните вечерни часови беше потпишан указот без потпис на претседателот на државата и истиот веќе следниот ден однесен во Службен весник, каде противправно беше и објавен. Претставниците на политичките партии кои се дел од на коалицијата „За подобра Македонија“ изразија поддршка на тоа што ВМРО-ДПМНЕ претходно го кажа, а тоа е дека е извршен атентат на Република Македонија и изразија поддршка да се поднесат кривични пријави против сторителите на ова противуставно и противзаконско дејствување од страна на парламентарното мнозинство на Зоран Заев и Талат Џафери. Но, исто така изразија и поддршка за поднесување на претставка до Уставниот суд за оценување на уставноста на овој закон“.

Третиот сегмент, подвлече Мицкоски, кој што исто така беше разговаран е лошата актуелна и политичка состојба во државата, односно отсуството на реформи оној блеферски настап на премиерот ден после донесување на уставните измени во саботата ден пред практично да замине на зимување каде што повторно видовме во најава пусти желби и блефирање од страна на премиерот кои што се далеку од реалноста, и далеку од можностите и на оваа влада но и далеку од капацитетите на луѓето кои што соработуваат со Зоран Заев.

Претставниците на политичките партии кои се дел од Коалицијата се сложни и за организирање на предвремени парламентарни избори согласно закопните, заедно со претседателските избори во Република Македонија.

И како четврто исто така, а резултат претходно на кажаното Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја реафирмира и инсистира на организирање на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските избори бидејќи на тој начин граѓаните повторно ќе кажам тука не станува збор за власт, тука не станува збор за функции, тука не станува збор за политички кариери едноставно граѓаните да одлучат дали се „ЗА“ понижена и омаловажена Северна Македонија или се „ЗА“ горда и достоинствена Република Македонија. Така што еве на крај би заклучил како четврта точка за која што се сложија претставниците на политичките партии кои што се дел од Коалицијата „За подобра Македонија“ е веднаш и без одложување распуштање на Собранието, организирање на предвремени парламентарни избори согласно законите заедно со претседателските избори во Република Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.