10.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Мицкоски: Јас и ВМРО-ДПМНЕ ќе му служиме исклучиво на народот и Македонија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес на МРТ одговара на прашањата на новинарите. Тој потенцира дека негова цел е тој и партијата да му служат исклучиво на народот и државата.

-Хрситијан Мицкоски во моментот е претседател на ВМРО-ДПМНЕ и единствен интерес на Христијан Мицкоски во моментов е да се врати на старите победнички патеки, да формира тим кој ќе го поддржи во сето тоа,кој ќе го надополнува во моментите кога ќе почувствува дека греши. Јас не сум суетен човек и напротив сите добронамерни совети ги прифаќам, дебатирам, аргументирам и за мене аргументите се слово на законот. ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски ќе му служат исклучиво на народот, на македонскиот народ, на граѓаните на Република Македонија и на Република Македонија во целост, истакна Мицкоски.

Тој потенцираше дека се што била добра и позитивна пракса е добро да се продолжи, како во ВМРО-ДПМНЕ така и од страна на власта, а се што било лошо и онаму каде се констатирани недостатоци, да се најде начин истите да се превенираат и да не се повторуваат.

-Тоа би требало да биде еден процес на синергија кој на крајот од денот ќе доведе до резултат еднаков на успех, односно победа на следните предвремени или редовни парламентарни избори, зависи од мнозинството во Собранието и Владата која што јас сум силно убеден дека ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски.