Мицкоски: Како Македонци припаѓаме во европското семејство затоа што ги делиме европските вредности

Како Македонци му пропаѓаме на европското семејство, затоа што ги споделуваме европските вредности, напиша на својата сметка на Twitter претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој во Загреб каде присуствува на дводневниот самит на Европската народна Партија.

Во средата вечерта Мицскоки имаше и свое обраќање пред присутните, а Европската народна партија на својот Тивтер профил ги објави целите на Македонија и ВМРО-ДПМНЕ.

„Живееме во период кога нашите политички противници се борат со нас на политичката сцена со сите алатки коишто им се на располагање, исклучувајќи ги принципите и вредностите, и верувам дека ова е еден од најсериозните политички предизвици со коишто се соочува нашето политичко семејство ЕПП. Ние сме силни кога станува збор за здрави економски и социјални политики. Ние сме силни кога се работи за исполнување на нашиот збор. Но, за жал, нашите противници не го гледаат вака конвенционалното политичко дејствување“, истакна меѓу другото Мицкоски во своето обраќање.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.