Мицкоски: Ќерки, синови, братучеди на обвинители вработени во СЈО сакаат да ги пренесат во ОЈО

Нашите забелешки се принципиелни, ние велиме најпрвин човечкиот ресурс кој што располага СЈО за нас е дискутабилен проблематичен, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во денешното интервју дадено за вестите на Сител телевизија

-Зошто? Дел од тој човечки ресурс, вклучително и Специјалната јавна обвинителка и јавните обвинители кои што биле тим на СЈО, гледаме дека се комплетно контаминирани со случајот Рекет според закон не можат да се вратат во ова ново формирано обвинителство или ново формирано одделение, без разлика тие мора да се вратат во обвинителствата од каде биле преземени во рамките на СЈО, вели тој.

Според него, СЈО е дувло за непотизам вработувајќи си ги ќерките, синовите, братучедите прашувајќи дали овие луѓе кои што се ставале во одбрана на криминалот со последниот случај „Рекет“ ќе може да се борат бескомпромисно со криминалот.

-Потоа имаме друг човечки ресурс кој што е дел од СЈО како што е внукот на Катица Јанева, како што е идната снаа на Катица Јанева, како што се двајцата братучеди на еден од обвинителите Гаврил Бубевски, како што се синот и внукaтa на една од обвинителките таму, како што е ќерката на поранешниот директор на МЕПСО Сашо Василевски, како што синот на Лиле Неделкова, да ви ги редам останатите роднини, пријатели, комшии и соседи на Катица Јанева. Е со овој нов закон се предвидува сите овие договорци да бидат преземени од страна на новото обвинителство и сега се поставува прашањето кого подржуваме ние, луѓето кои што биле соучесници во процесот Рекет за да го заштитат истиот тој процес или пак тие треба да се борат да бидат бескомпромисни со криминалот, објасни Мицкоски.

Toj изјави дека со законот за обвинителство нема фер борба против организираниот криминал и корупција.

– Ние немаме намера од страна на изготвувачот и предлагачот во случајот министерството за правда и владата на Република Македонија за фер борба против криминалот. Бидејќи гледаме дека законот сака да го заштити лицето кое што го предводи  СЈО и  нејзините помошници во случајот обвинителите кои што се дел од тоа СЈО. Без разлика дали тие директно или индиректно помагале во рамките на процесот наречен „Рекет“  кој што јавноста го следи, вели Мицкоски.

Тој потенцираше дека Законот за СЈО е јасен и таму стои дека сите обвинители, вклучително и специјалниот јавен обвинител по престанокот на мандатот, треба да си се вратат во матичните обвинителства, односно во основните обвинителства од каде што дошле во рамките на СЈО, и затоа не треба да бидат ниту во новото, а ниту да бидат заштитени.

Во продолжение интегрално интервјуто на Мицкоски:

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.