Мицкоски-Која: Заев знае дека ќе загуби затоа е нервозен

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска преку видео-врска оствари средба со шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, Клеменс Која.

На средбата се разговараше за актуелната политичка ситуација во Македонија, предвремените парламентарни избори кои треба да се случат на 15 јули и предизвиците поврзани со вирусот Ковид-19.

Мицкоски истакна дека за ВМРО-ДПМНЕ здравјето на граѓаните е пред се и токму затоа предизборните активности ги организира во согласност со протоколите и препораките за заштита и превенција од коронавиусот.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека партијата се залага за фер и изборна кампања што не е случај со СДСМ која го наруши изборниот процес со предвреме почната кампања преку предизборен поткуп делејќи пакети во Струмица и повеќе општини низ Македонија.

Тој додаде дека СДСМ во страв и нервоза од изборен пораз преминува кон насилство што се покажа со бомбата фрлена пред дуќанот на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски и вербалниот напад од советникот на премиерот врз носителот во шестата Изборната единица  Игор Дурловски.

Мицкоски потенцираше дека почитувајќи ги мерките во текот на целата кампања ќе биде меѓу народот промовирајќи ја изборната програма наречена Проект Обнова во која има над 1000 проекти наменети за да го подобрат животот на сите граѓани и да се обнови државата од тешката ситуација во која сега се наоѓа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.