Мицкоски: Коалицијата во опозицијата треба да донесе идинина, каква заслужуваат граѓаните

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва во гостување на ТВ Шења, а во врска со коалицијата со Алтернатива и Алијанса, посочи дека оваа коалиција треба да трае и да донесе иднина каква што заслужуваат граѓаните, да ја делегитимира оваа криминална власт и да им понуди на граѓаните надеж за подобро.

-Нашата цел е иднината, затоа што овие ни ја украдоа иднината, затоа цениме дека оваа коалиција треба да го отвори патот кон иднината на земјава, посочи Мицкоски.

Тој вели дека граѓаните заслужуваат иднина затоа што овие четири години само тапкаме во место, мора да покажаме на граѓаните дека може поинаку.

-Ние треба да ги убедиме граѓаните и да излезат да го кажат своето мислење, а ако излезат јасно е опозициското расположение кај народот и едната можност е создавање на ново парламентарно мнозинство по локалните избори, кое ќе создаде услови за фер и предвремени парламентарни избори или веднаш да одиме на избори, разговараме со десетина пратеници кои би го подржале ова парламентарно мнозинство за било кое од двете сценарија се можни за политичко делегитимирање на власта, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ нема кандидати во многу од општините каде треба да се поддржат кандидатите на коалицијата Алијанса и Алтернатива, како скопски Чаир, Студеничани, Сарај, Теарце, Тетово, Гостивар, Струга, Дебар итн.

-Сигурни сме дека уште во првиот круг дека ќе ги поддржиме кандидатите од коалицијата и убедени сме дека истите во најголем дел ќе победат, истото го очекуваме и за градот Скопје и за другите општини, каде би издвојувале победа на овие избори и би докажале дека може поинаку и дека треба поинаку, нашиот договор е принципиелен и нашата коалиција против криминалот ќе го ја победи криминалната коалиција на власт, посочи Мицкоски.

Мицкоски посочи дека ова е коалиција која треба да трае и да да понуди иднина и надеж на Македонија и на сите граѓаните.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.