Мицкоски: Кога и да се случат избори, ВМРО-ДПМНЕ убедливо ќе го победи СДСМ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во денешното гостување во отвореното студио на 24 анализа, во врска со економската ситуација во времето на епидемијата, потенцираше дека бизнисот не смеел да остане без помош.

„Вториот сет на мерки беше донесен на 15 март и ги молевме да не ги оставаат луѓето без пари и тоа се одрази на буџетот. Сите оние компаниии кои се рестартираат особено во прехрамбрената индустрија прашање е дали ќе до достигнат истиот капацитет“, – рече Мицкоски.

Тој истакна дека после ова ќе ни случат социолошки феномени, чудно однесување на одредена група на граѓани поради изолацијата и дека немало сет мерки за справување за вакви ситуации.

За лидерската средба отпрвин не сакаше да го посочи датумот, но потврди дека на 12 мај ќе има лидерска средба. Во врска со изборите, Мицкоски вели дека нема дилема кога и да се случат изборите, дека неговата партија ќе го победи убедливо СДСМ, со двоцифрен број на пратеници.

„Она што мене ме загрижува е што ние сме сега во пандемија која на дневна основа брои заразени и го губат животот. Ако направите анкета да ги прашате граѓаните дали сакаат избори ли понатаму, најголем дел ќе речат понатаму. Повеќе од 70% не се за избори сега. На тој ден ќе имаме луѓе со маски и ракавици, ќе имаме Фејсбук и Твитер кампања. Граѓаните гласаат за програма, а како ќе претставиме програма правена порано пред ова? Сега се смени се, ќе ни треба нова програма, нови капитални инцвестиции да претставиме. Ние поодговорно приоѓаме на проблемот, здравјето пред се, како ќе се спроведе гласање кога ќе има граѓани кои ќе гласаат со маски и ракавици? Преку фејсбук и Твитер ќе водиме кампања? Има граѓани кои  сакаат да се видат со пратениците, не следат социјални мрежи и како ќе ја дознаат програмата што ја нудиме?“, – рече Мицкоски.

Тој ја критикуваше власта дека не сака фер избори зошто така би ја намалиле разликата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.