21.8 C
Skopje
среда, април 24, 2024

Мицкоски: Кога нема што да понуди, власта се заканува со прогони и тужби

Премиерот Зоран Заев и  негвоата СДСМ се свесни дека ја губат довербата кај граѓаните поради немање визија и стратегија како да се управува со државата и да се работи за доброто на граѓаните, па мора да креираат политички прогон и да измислуваат обвиненија за опозицијата и сите граѓани кои размислуваат различно од нив, оцени во средата лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во настапот во емисијата „Отворено“ на телевизијата Алфа.

„Јасно е дека сето она што го зборевме ние во изминатиот период дека практично целосно  е покриено обвинителството и  судството од страна на Зоран Заев и групата околу него се потврдува. Постапките кои следеа после претседателските избори само го докажуваат тоа што ние го говориме и ќе продолжат да го докажуваат. Јас не верувам дека они тука ќе престанат бидејќи се свесни дека ја губат довербата кај граѓаните свесни се дека нема што ново да понудат, нема проекти, нема стратегија нема визија и единствениот начин е како на еден теоретски начин кој они си го замислиле тоа сценарио да вршат притисок врз политичките неистомисленици, врз опозицијата во случајот и да втеруваат страв кај слободноумните граѓани на оваа држава, дека еве ние сме семоќните и дека што сакаме, кому сакаме можеме да направиме“, рече Мицкоски.

Лидерот на опозицијата, исто така се осврна и на вчерашната „несреќна“ прес-конференција на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, дадена неколку дена откако медиумите објавија контроверзен разговор во однос на тендер за набавка на радарски систен во цивилната авијациј.

„Човекот признава дека е дел од скандалозно криминално дејание, кажа дека го прави по задача на негов претпоставен, и тој претпоставен е премиерот на владата Зоран Заев“, рече  Мицкоски .

Истакна и дека нема намера да ги коментира, како што рече, „примитивните испади“, алудирајќи на заканите на Рашковски до медиуми, новинари, политички субјекти.

„Јас нема да ги коментирам испадите. Тоа е примитивното однесување на овие луѓе кои се декларираат како проевропски, тие се обични примитивци а само се декларираат како проевропски ориентирани граѓани. Рашковски е генерален секретар на Владата, не е претседател на боксерски клуб“, рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ укажа дека Рашковски се заканува на институции, поединци, новинари, а тоа како што додаде е крајно недозволиво. Човекот, ддоаде, Мицкоски, мора да сфати дека е генерален секретар на Владата.