11.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Мицкоски: Кога Владата за своите е „мајка”, а за народот во Вевчани „маќеа”

Фејсбук објава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски:

Кога Владата за своите во Штип е “мајка”, а за народот во Вевчани “маќеа”.

Кога Владата цензурира критика и традиција долга илјадници години, а не спречува роденден на пример во самата Влада.
Кога самата власт организира избори во Штип и Пласница, а на народот му забранува да организира карневал зошто тој е критика за Владата.

Кога полицијата наместо криминалци, се тера да го брка својот народ…

Народе, добро запамети го овој ден и овие двојни аршини. Прво пораз, а потоа одговорност за сите од власта.