Мицкоски: Кога Заев им порачува на работниците да „стиснат заби“, неговата партија со 15 милиони ќе финансира нови партиски вработувања

Истовремено кога лидерот на СДСМ, Зоран Заев им порачува на работниците да „стиснат заби” затоа што поради кризата со коронавирусо ќе се кратат платите, во скопската општината Гази Баба, каде што на власт е неговата партија, се обезбедуваат 15 милиони денари за нови привремени партиски вработувања, објави во четвртокот вечерта на својот фејсбук профил опозицискиот лидер Христијан Мицкоски.

Челникто на ВМРО-ДПМНЕ остро го критикува својот политички опонент од власта, за лицемерие, потсетувајќи на пораките кои Заев во своите настапи за медиумите им ги испраќа на работниците и стопанствениците, повикувајќи на „солидарност и трпение“.

Истовремено Мицскоски го повикува лидерот на владејачката СДСМ да го повлече предлогот за драстично намалување на платите на работниците, а неговите сопартијци да се откажат од функционерските примања и во кризниот период да работат про-боно.

„Ајде што задоцнето, делумно и лошо ги копираат антикризните мерки што ги предлагаме. Ајде што Зоран Заев копира и оди со интервјуа на истите медиуми каде што веќе сум гостувал, што и не е така лошо, бидејќи граѓаните ќе може да ја направат разликата, но она што вистински загрижува е што не престануваат да бидат лицемери, во исто време кога се неспособни и продолжуваат партиски да вработуваат. Во исто време кога Заев им порачува на работниците да “стиснат заби” затоа ќе се кратат плати, во општината каде се власт Гази Баба обезбедуваат 15 милиони денари за нови привремени партиски вработувања. Каква е таа солидарност кога на стопанството му велите да се стрпи, во исто време удирате по работниците и кратите плати, а од друга страна вработувате нови партиски кадри. Сакате вистинска солидарност? Повлечете го предлогот за драстично кратење на плати на работниците, откажете се од функционерските плати и работете про боно (бесплатно) додека трае кризата, затоа што само така се сака Македонија! Ова не е време на ситно политиканство, туку на мудри одлуки. Потребна е одговорност, трезвеност и разум“, пишува Мицкоски.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.