Мицкоски: Колоните возила за вакцина во Србија се доказ за неспособност на власта, најмногу боли што нема одговорност

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на телевизија 21 во емисијата „Клик плус“ се осврна на процесот на вакцинација, пред се на сликата од минатиот викенд кога колона возила и многу граѓани заминаа за Србија да примат вакцини.

-Секоја чест на Србија. Но, колоната возила да се гледа на граница, изгледа како филмовине од Холивуд кога има апокалипса, доаѓа бран на цунами и масовно луѓето се евакуираат – рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ праша „дали видовте таква колона на границата со Хрватска, јас не видов, со Црна Гора, Албанија, не видов“ и додаде „таква масовна посетеност имаше само од Македонија“.

-Тоа доволно говори за неспособноста и поразот. И проблемот е што нема одговорност. Тоа боли најмногу – кажа Мицкоски.