21.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Мицкоски: Криминал од вакви размери не е можен без поддршка на Заев

Сомнежот е дека криминалот во Рекет од вакви размери не е можен без поддршка на Зоран Заев, изјави на прес конференција Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека сомнежите се дека Заев го штити овој криминал, а тоа го темели на следните факти:

-Прво Катица Јанева не е во притвор, а истата може да избега, може да влијае на сведоците и може како прв човек на СЈО да го повтори делото. Сведоци сме дека истото ова обвинителство барало притвор и за несразмерно помали случаи кои ги воделе. Но во овој момент тоа отсуствува. Се разбира Катица Јанева е само продолжена рака на овој октопод.

-Второ Зоран Заев е свесен дека меѓунарониот сојуз на Бојан Јовановски важи на извесен начин за чедо на СДСМ. Во тие структури се луѓе од оваа партија, а сомневањата се дека тоа е параванот и за многу други случаи на криминал, изнуда и рекет.

-Трето, од почетокот тврдев и сеуште тврдам, Заев во моментите кога ќе го притисне оваа афера со евидентни докази, е во состојба да се откаже од сите, само да се спаси себе си. Некои велат Катица е следната, но тоа треба да продолжи со Кики и Фрики, со министри и функцинери за кои има сомнеж дека биле вклучени во овој и многу други скандали. А тоа е неостварливо со ваква врхушка на власт. Значи наместо борба против криминал имаме борба за заштита на криминал.

-Четврто, сега е јасно зошто е предлогот на Заев за реформите за обвинителство. Тој сака ова компромитирано СЈО да го преслика во новиот обвинителен сектор. Да добиеме ново СЈО но со зголемени овластувања за зголемени злоуптреби. Е таков компромис со правдата што ќе произведе неправда нема да помине.

 Мицкоски на денешната прес-конференција потенцираше дека покрај секојдневните сканадали, државата влегува во економска и политичка криза.

„Надвор од зградите на Илинденска број 2 и од Бихачка владее неправда, сиромаштија и апатија. Со оваа влада секојдневието е дека: дете убива дете, дека еден од убијците на Саздо сеуште е на слобода, истото е и со убиецот на младиот фудбалер кој го загуби животот Мартин Јанушев. На слобода некаде е и убиецот на Пино Секондо“, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ја обвини актуелната власт дека наместо спраување со криминалот и корупцијата, се фокусирала на, како што рече, бришење на националниот интерес.

„Наместо во битка со корупцијата Владата влезе во бика за бришење на шеснаекракото сонце, дека Гоце бил друго, а не Македонец. За три  години илјадници млади луѓе се иселуваат, ама премиерот вели дека сме блескале. Очигледно светот во кој живее Заев не е истиот во кој живее обичниот Македонец. И еве затоа не сме во Европа и нема датум за преговори“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.