11.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Мицкоски- Кукан: Владата бега од соочување со народот на избори

Имав средба со европратеникот и пријател на Република Македонија Едвард Кукан. На средбата ја изразив мојата загриженост за ситуацијата во која се наоѓа нашата земја, растечкото ниво на корупција и криминал, отсуството на владеење на правото и правната држава, како и се потешката економска состојба, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Фејсбук.

-Владата која бега од соочување со народот на избори, е Влада која не е подготвена демократски да се соочи со волјата на граѓаните и да организира фер процес. Македонија мора да ги направи неопходните реформи за да европските интеграции станат реалност. Мојот престој го продолжувам на политичкото собрание на Европската Народна Партија каде се разговара за заедничките предизвици и начините на остварување на соработка, додава Мицкоски.