Мицкоски: Лицата со попреченост се хероите на денешницата и ќе продолжат да ја имаат мојата почит и целосна поддршка

Денес е Меѓународниот ден на лицата со попреченост – 3 Декември, луѓето кои се околу нас, а на кои им е потребно нашето целокупно внимание, истакнува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Ова го пишувам за да јавноста, особено Владата и институциите кои ги имаат механизмите во свои раце да почнат да ги менуваат работите и да придонесат за посреќен и достоинствен живот.

Потребно е конечно да почне да се применува Конвенцијата за заштита и остварување на правата на лицата со попреченост!

Тоа се хероите на денешницата и ја имаат, и ќе продолжат да ја имаат, мојата почит и целосна поддршка“ – истакна Мицкоски.