Мицкоски: Лозарите се незадоволни, Заев тргуваше со нивните гласови! Откупната цена е катастрофална, субвенциите се недоволни

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната средба со лозарите во Марена, Кавадарци, рече дека лозарите се незадоволни, затоа што немаат позитивна сметка на крајот од оваа реколата.

„Не се задоволни затоа што денеска во Тиквешијата не постои лозар производител кој што на крајот од оваа сезона, од оваа реколта ќе излезе со позитивен есап што би рекле вака народски. Бидејќи приносите се најмалку за педесетина проценти намалени, а откупната цена е катастрофална. Субвенциите кои што ги доделува државата се недоволни. Така што како прв заклучок можам да кажам дека лозарите во Тиквешијата од крајот на оваа реколта ќе бидат исклучително незадоволни и сите практично.    Не постои повторно ќе кажам лозаропроизводител, лозар од Тиквешијата кој што ќе има позитивна сметка, позитивен есап од крајот на оваа реколта“, изјави Мицкоски.

Тој рече дека слична била ситуцаијата и кога во Кочани разговаравл со оризопроизводителите,при што и таму го слушнал дека ќе бидат напуштени нивите, а истото го слушнал и денеска во Тиквешијата, доколку продолжи овој тренд многу лесно ќе бидат напуштени лозовите насади.

„Втората работа која што сакам да ја споменам е притисокот кој што од страна на оваа политичка каста на власт се врши врз лозарите практично е огромен. Притисокот да не протестираат, притисокот да останат во своите домови и практично да трпат, а да не го изразат тој револт, што навистина не е ниту европски, ниту пак е демократски принцип на функционирање на една власт“, потенцира Мицкоски и додаде:

„И третиот заклучок кој што можам да го донесам е дека тоа што беше ветено како субвенција, односно како стимул за лозарите, а беше резултат на минатогодишната реколта, оваа политичка гарнитура, оваа политичка каста предводена од Зоран Заев и СДСМ го ветуваше пред претседателските избори со цел практично да тргува со поддршката на лозарите, а требаше денеска да биде исплатена не е целосно исплатена. Делумно е исплатена. И покрај тоа што требаше многу порано пред 6,12 месеци да биде истата исплатена.

Но, тоа што денеска тие го ветуваат како дополнителна субвенција и стимул за лозарите, не само што немаат намера оваа година да го исплатат, туку прашање е дали истото ќе биде исплатено и во следната година. А, секако според сведочењата на лозарите тоа не е ни приближно доволно за да можат да се покријат основните, елементарни трошоци, а камо ли да зборуваме за нешто повеќе односно да зборуваме за некакви средства кои што понатаму би ги искористиле за вложување и за пристоен живот.

Да заклучам, станува збор за навистина алармантна ситуација овдека во Тиквешијата, луѓето се незадоволни. Ќе повторам не постои лозар кој што на крајот од оваа реколта ќе има позитивна сметка. И апелирам до надлежните да се свестат, да излезат од климатизираните простории, удобните кожни фотелји, да се спуштат овде на нивите и вистински да започнат со решавање на реалните проблеми на земјоделците“.