Мицкоски: Луѓето кои бараат моја смена се во скутот на Заев и имаат по неколку кривични пријави

Реалност е дека сите тие што критикуваат се луѓе кои бараат моја смена се во скутот на Заев и имаат по неколку кривични пријави и сега треба да дехидрираат од плукање по мене. Тие луѓе го доведоа ВМРО-ДПМНЕ во лоша ситуација, тие може да бидат се но никако алтернатива. Ќе се направи една катарза, ќе има нови луѓе, објавивме конкурси, од понеделник ќе има конкурси за општински комитети, до крај на август нов состав на Извршниот комитет, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на телевизија Алфа на емисијата „Што не е јасно“.

Тој укажа дека ВМРО-ДПМНЕ има понудено многу и фокусот ќе го стави на реализација на тоа.

-Ние имавме фантастичен настан презентација на програмата ден пред кампањата, нешто што никој не го направи. Противникот даде понуда петиот или шестиот ден, а ние секој ден нудевме проекти. И сега без разлика што ќе се случи ќе се бориме за тие проекти кои се важни кои живот значат. Јас кога ја правам анализата гледам дека целта е како да се справиме со ова пред нас, како да ја губиме големата слика, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски на гостувањето на телевизија Алфа на емисијата „Што не е јасно“.