Мицкоски: Луѓето се отселуваат од земјава, тие веќе не веруваат во прочитаните политичари кои ги изневерија

Далеку сме од блеескање. Тоа најдобро го знаат тие кои ја напуштаат Македонија, кога ќе слушнам дека пет од десет студенти кога ќе ми речат професоре заминуваме, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на телевизија Клан говорејќи за актуелната ситуација во земјава.

Не само што не блескаме како држава, туку сме големо разорчарување ние политичарите. Појдете било каде и секој Македонец, Албанец, Турчин сите без исклучок ќе речат еве го овој сака да дојде на власт и да краде. Но, ако кажете дека сте професор ќе сакаат да ве слушнат, рече Мицкоски.

Укажа дека граѓаните не се далеку од вистибата. -Граѓаните не се далеку од тоа, таква прецепција е создадена. Затоа јас сакам да бидам само различен и реален и ништо повеќе, посочи Мицкоски.