Мицкоски: Луѓето сфаќаат дека борбата на СДСМ била за пари и функции

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Отворено“ на телевизија Алфа само 1 час пред почетокот на изборниот молк истакна дека во цела Македонија владее една апатија и разочараност од владеењето на СДСМ и Зоран Заев, а граѓаните живеат мачно и тешко.

Истакна дека сега сите сфатија дека борбата на СДСМ и Зоран Заев не била за ,,живот’’ туку единствено за пари и функции.

Зборувам за оние луѓе кои што во периодот кога настапи онаа таканаречена живот програма, сепак се понадеваа, имаа надеж во Зоран Заев дека можеби навистина ќе дојде животот, дека навистина она што го ветуваа таму ќе го исполнат. Денеска еве речиси две години потоа од онаа последната кампања за живот, за време на локалните избори тие сфаќаат дека практично се било за фотелји и за пусти пари. Ништо не било поразлично. Огромен дел од членството на СДСМ ни доаѓаат на митнзи. Еве вчера имавме случај во Кратово во Крива Паланка, ми приоѓаат луѓе итн, сведочат ред мене, ние сме разочарани долгогодишни активисти на СДСМ итн, вели Мицкоски.

Мицкоски кој говореше за неисполнетите ветувања на оваа влада, која ветуваше исто така и зголемување на платата,но за жал граѓаните се сведоци дека платата паѓа.

„Реално ако погледнам на проблемот, јас не можам да видам ниту една структурна реформа. Структурна реформа започнува со наративот ќе станеме дел од НАТО и ЕУ и ќе ни појде. Ќе станеме дел од НАТО и ЕУ и ќе дојдат инвестициите. Ќе станеме дел од НАТО, ќе започнеме преговори со ЕУ и ќе се реформира судството, ќе имаме подобро образование, ќе почне Клинички да се гради“, нагласи Мицкоски.

Додаде дека проектите кои се започнаа од претходната влада, тапкаат во место, не се довршуваат.

„Ветија рекорден пораст на просечната плата. Во јануари 2019-тата таа падна за 5%, споредено со декември 2018-та. А, во февруари според завод за статистика падна дополнително 2 отсто. Што значи дека луѓето ги исплатија дивидендите, ги исплатија бонусите претходната година во 2018-тата затоа што во 2019-тата овие реформисти во владата го качија данокот“, истакна Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека ние не можеме да одиме напред, оној кој што вели дека 102,5 отсто е ист како Зоран Заев по принципот на Мирчо свињарникот, живи луѓе ќе јадеме, по принципот евро за Вице не може да се одиме напред. Мицкоски вели дека тој одбива на „таков напред“, а тоа се случува и масовно во Република Македонија затоа што граѓаните одбиваат, немаат доверба во овие луѓе.

„Што не ветија, а не исполнија, тргнете од ветувањата кон земјоделците, преку 10.000 километри поминавме низ Македонија знаеме точно што се случува поинавме од Ресен од оние луѓе кои што ги сечат јаболката, затоа што 1 денар е кило јаболка, за сливите во Малешевијата, праските во Росаман, немаме еден човек кој е задоволен“, вели Мицкоски.

Истакна и дека министер со подновени патики од Дубаи одлучи во последен момент одлучи да им даде субвенции на луѓето за да тргува со нивниот глас. Мицкоски посочи дека ако три дена пред избори им се дадат субвенции на луѓето, власта мисли дека луѓето ќе гласаат за нив, но тоа е манипулација.

„Луѓето немаат доверба во тие луѓе, што не ветија, тргнете од најелементарното, тргнете од оние неисполнети ветувања на земјоделците дека ќе имале загарантиран откуп, повисоки субвенции, помош и поддршка, прошетајте низ Македонија да видите што се случува со луѓето“, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Поминавме преку 10 илјади километри во Македонија од Ресен каде оние луѓе ги фрлаат јаболките бидејќи нема кој да ги откупи ниту за еден денар, преку полни амбари со ориз во Кочани, па преку Малешевијата и сливите и Росоман со праските, буквално секаде, ние немаме еден човек кој ќе ви каже дека е задоволен од оваа власт. Сега оној министер со новите патики од Дубаи три дена пред избори ќе даде субвенции и ќе мисли дека ќе ги купи гласовите на земјоделците, додава Мицкоски.

Додаде дека со ова министерот за земјоделие ги потценува и навредува земјоделците.

Мицкоски кажа во продолжение дека кариерата на Пендаровски започнува во полицијата кога ги тепаа граѓаните во деведесеттите.

„Неговата кариера започнува од кабинетот на оној директор на Бирото за јавна безбедност кој што не се штедеше да примени кога требало сериозно брутално насилство врз граѓаните на Македонија без разлика на етничката припадност“, истакна Мицкоски.

Наведе дека станува збор за Тетовските, Гостиварските и настаните во Ѓорче Петров и Бит пазар. Мицкоски кажа дека од тогаш па до денес Пендаровски има сериозна полициска кариера.

Мицкоски кажа дека Пендаровски во два три наврати поданички се однесувал во кабинетите на поранешните претседатели на Република Македонија со обид да направи некаква политичка кариера за денеска да бара повторно мандат.

По завршиниот митинг во Штип вечерва, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, гостуваше на интервју на телевизија Алфа каде истакна дека по долгите километри поминати низ Македонија во оваа изборна кампања, очигледна е недовербата на луѓето во власта.

„Тргнете од оние ветувања за земјоделците, дека ќе имале загарантиран откуп, повисоки субвенции, помош, поддршка, прошетајте низ Македонија да видите што се случува со луѓето. Јас Ви велам, преку 10илјади километри поминавме низ Македонија. Поминавме од Ресен, од оние луѓе што ги сечат јаболкниците, бидејќи еден килограм јаболка е 1 денар, и нема кој да го откупи за 1 денар, преку Кочани со полни амбари со ориз нема кој да го откупи. Појдете Малешевијата, Пијанец, појдете во Росоман со праските, буквално насекаде. Ние немаме еден човек којшто ќе ни каже дека е задоволен. Наместо да ги исплати кога требало, како што е редот, тој мисли дека на три дена пред избори ќе даде субвенции и сите ќе гласаат за СДСМ. Така ги потценува и ги навредува луѓето“, истакна Христијан Мицкоски.