Мицкоски: Македонија ќе го има својот четврт Илинден

Мора да ги вратиме принципите и стандардите. Мора да има промена зошто Заев брутално паѓа, а сака со него да не повлече сите нас. Е нема тоа да го дозволиме. Нема повеќе паѓање. Народот не смее да биде повеќе жртва на мафијата, мора да се ослободи бизнисот, криминалците да одговараат, а на луѓето да им се даде надеж и визија. Ќе се борам крвнички за секој еден од вас и заедно ќе градиме се што овие уништија. Македонија ќе го има својот четврт Илинден и ќе биде просперитетна држава, а ќе ја вратиме надежта дека може подобро. Ќе удри зората и за нашата земја. А ВМРО- ДПМНЕ ќе го има се почесто на улиците, селата и градовите, помеѓу својот народ. Македонската пролет се раѓа, рече Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот настан во Могила на непобедените во Прилеп по повод Денот на победа над фашизмот.

Според Мицкоски, ова се одлучувачки мигови за нашата земја кога се одлучува дали да загазиме подлабоко во мочуриштето или ќе направиме исчекор за оставање на калта позади нас.

„Мора да се стави забрана за занимавање со политика на политичари за кои било докажано дека погрешиле со криминал, или се амнестирани поради криминал. Мора да се бориме силно против корумпирањето на секоја слободна педа. Да се испита секое несразмерно богатење на грбот на народот. Мора да се забрза европскиот пат преку разумна политика која ќе носи резултати, да му се објасни на народот однапред што можеме, до каде ќе одиме и што ќе направиме. Мора да се врати достоинството на човекот во здравството, да биде главна борба каква нова машина, каков нов апарат ќе набавиме, а не дали ќе има дезифициенци за пациентите и докторите“, рече Мицкоски.

Тој заклучи дека мора да се реорганизира државата на домаќински принципи.

„Доста беше живеење на бизнисот во стеги закани. Доста беше родители кои треперат за своите деца поради експериментите на власта во образованието. Доста е за оваа власт, таа е завршена работа, изброени се деновите“, кажа Мицкоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.