Мицкоски: Македонија е посрамена, благодарејќи на власта сега не е ниту во чекалницата на ЕУ

Власта ја посрамоти Република Македонија, а нашата држава сега не е ниту во чекалницата на Европската унија, рече меѓу другото во четвртокот челникот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во текот на гостувањето на телевиијата ТВ Клан.

Мицкоски посочи дека причината за ваквата состојба кога станува збор за нашата европска иднина е недостатокот на реформи кои ги спроведува власта, притоа потсетувајќи на фамозниот план за реформи 3/6/9, кој веќе никој не го споменува.

-Каде сме сега, не сме ни во чекалницата , сега сме засрамени. Сега и од чекалницата не исфрлија надвор, затоа што далеку е датумот, затоа што нема вредности, затоа што нема реформи. Вие се сеќавате ли на онаа абецеда, 3/6/9/18 еве 24 помина, до каде е? Едно време излегуваа велеа толку проценти е реализирана, се сеќавате кога последен пат некој го споменал тој план за реформи и до каде е, запраша Мицкоски.