Мицкоски: Македонија ќе ја победи неправдата и ќе се избориме за заедничката иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со граѓаните на Кавадарци.

На средбата тој посочи дека заевизмот од ден во ден зема замав со сите негови негативни карактеристики, па како резултат на тоа граѓаните ќе бидат сведоци како ќе се поплавуваат и опожаруваат објекти кои се симболот на неправдата во Македонија, симбол на заевизмот.

Мицкоски истакна дека со државата владее недемократска и криминална власт која со еден збор може да се нарече мафија, на која и се потребни механизми за прогон и нанесување на неправди.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го повтори својот став за потребата од отворање на сите сомнителни случаи во изминатите 28 години независност од транзицијата до денес.

Тој ја коментираше и изјавата на кандидатот за претседател на СДСМ, Стево Пендаровски во која тој запраша  еден граѓанин повратник во Македонија од странство, “што си се вратил назад”. Со ваквата изјава посочува тој Пендаровски призна дека условите за живот во Македонија се до тој степен катастрофални, па поради тоа единствена опција на граѓаните која им ја нуди власта е да си заминат од Македонија.

Мицкоски потенцираше за разлика од власта тој смета дека нашата иднина е тука во Македонија, и токму поради тоа мораме да се избориме и да ја градиме својата иднина. Наместо порака да ја напуштаат земјата, од мене ќе видите борба за зачувување на секој еден човек во нашата земја, бидејќи каменот највеќе тежи овде, на своето место, на својата грутка, вели Мицкоски.

Интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.