Мицкоски: Мандат за владата дава народот, не Заев

536

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски му одговори на премиерот Зоран Заев, кој рече дека и понудил на опозицијата министерски места во замена за подршка на договорот со Грција со констатација дека мандатот за влада, министерски места и функции ги дава единствено народот, а не поединци кои туркаат агенди за спас на своите кариери.

Разните неформални понуди, кулоарски муабети, ноншалатни математички пресметки за учество во влада која треба да го донесе и реализира договорот со Грција го сметам за непристоен предлог, надвор од моите морални принципи. Суштината е дека учеството или неучеството во таква една влада нема да го направи договорот, кој некој друг го договараше и преговараше подобар или помалку штетен за Македонија и нејзините граѓани, но пак таквата понуда е сигурен доказ дека тие кои што стојат зад него се свесни дека тоа народот не го одобрува и преставува капитулантско дело за кое сега им е потребно алиби. И кога веќе е очигледно дека тонат, и во тонењето продолжуваат да лажат, па измислуваат некакви барања за амнестии кои треба да го покријат очајот. Но чукаат на погрешна врата, како што нагласив и претходно, компромиси со моите принципи нема да има. А непристојните предлози очигледно стануваат одлика на оваа генерација политичари која се провлекува од транзицијата, и нешто што е дел од нивниот карактер, вели Мцкоски на својот профил на Фејсбук.

Според него, Влада чија главна задача се делење на државни тендери на приватни фирми на луѓе од власта, каде криминалот метастазира, хедонизмот цвета, а корупцијата е заеднички именител не може да биде влада која ќе донесе иднина, туку влада која ќе зациментира небиднина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.