Мицкоски меѓу пазарџиите: Власта не смее да си поигрува со вас, доста е со манипулациите и понижувањата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска се потпиша на иницијативата за поддршка на пазарџиите за повлекување на Законот за пазари.

Мицкоски  беше во посета на Зелениот пазар во придружба на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, и разговараше пазарџиите кои се незадоволни од решенијата што ги нуди Законот за пазари. Тој им вети дека опозицијата ќе направи сѐ законот да се повлече, а не да се стопира.