Мицкоски: Мора да се потпреме врз капацитетот на младите луѓе, да зборуваме за инвестиции и развој

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа зборувајќи за тоа како може државата да се зајакне државата економијата, а со тоа да се подобри и животот на граѓаните, рече дека за да се оствари тоа треба да се тргне од базичниот услов кој е немилосрдна борба против криминалот и корупцијата.

„Мора да тргнеме од базичниот услов. За да имаме добра и стабилна држава ние мора да објавиме немилосрдна борба со криминалот и корупцијата. Никој не се справил 100% со криминалот и корупцијата, но ако постои воља политичка да се справите вие со криминалот и корупцијата тогаш ќе оди горе економијата. Кога економијата ќе оди напред и кога ние ќе имаме инвестиции, лкога ќе имаме луѓе коишто се натпреваруваат за подобри работни места, подобро платени работни места, кога наместо да имаме миграција надвор ќе имаме миграција внатре, кога буквално како што денеска се случува кај нашиот северен сосед или како што се случуваше до пред четири пет години кај нас, кога ќе имаме 20, 30, 50, 100 компании кои што чекаат да отворат производство овдека, па ќе имаме од тоа повеќе пари во буџетот, тогаш веќе можеме да зборуваме“, истакна Мицкоски.

Додаде дека фокусот наместо на плантажи на марихуана треба да се стави економски зони, вистинска дигитализација и вложување во младите луѓе.

„Ајде да видиме да зборуваме малце за криптовалутите и за Биткоинот. Кај нас знам многу луѓе коишто копаат, млади луѓе, средновечни луѓе коишто работат со оваа проблематика. Никој до денеска тоа го нема регулирано, го нема ставено во рамка. Ајде да видиме да зборуваме за економски зони, да зборуваме за вистинска дигитализација. Еве денеска бев дел од една фантастична одбрана на докторска дезертација, се работи тоа во Македонија, фантастична роботска платформа, прекрасен кандидат прекрасна презентација. Го имаме тука, само треба да го искористиме. Но, никој за тоа не зборува. Луѓето зборуваат за плантажи со марихуана, со глупости се занимаваме со вакви и такви права, а имаме ова да бидеме конкурентни на светот. Денеска бев дел од комисијата како екстерен ментор, заедно со професор на една фантастична одбрана на докторска десертација со професор Дуковски и останатите членови во таа комисија. Апликација каде што има многу вештачка интелигенција, сопствен софтвер кој што е конкурентен во светот и прекрасен кандидат којшто фантастично ја одбрани и презентираше, а ние зборуваме за плантажи со марихуана“, додаде Мицкоски