Мицкоски: Мораме да ја сочуваме татковината пред да ја распродадат

Мораме да ја демонтираме мафијата пред тие да ја демонтираат државата, мораме да ја сочуваме Македонија пред тие да ја распродадат татковината! ВМРО е пркос, пиреј, аманет, обврска, должност, почитување, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот протест со автомобили кој партијата го организираше во Скопје.

Мицкоски осочи дека ВМРО е нивната сила, но и нивната  слабост.

„ВМРО се илинденците, партизаните, асномците. Македонија е и потта на земјоделците, крикот на младите, волјата на спортистите, надежта во Европа. Љубовта кон земјата од уставобранителите. ВМРО е и чекањето за подобра иднина, но немирот за слобода, правда и човечко достоинство. Ако ВМРО е нашата икона во која веруваме, тогаш Македонија е домот, храмот на таа икона, напиша Мицкоски на Фејсбук по завршување на протестот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.