Мицкоски: Мораме да создадеме иднина тука дома за нашата Македонија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку статус на Фејсбук пишува дека мора да се создаде иднина тука дома во нашата Македонија.

„Прво, нема невозможни работи, потребна е челична волја и верба, второ, нашата борба е за сегашните но и идните генерации по нас, вреднувајќи ја жртвата на нашите родители, и желбата за успех на нашите деца. Тоа не е само наше право на кое се надеваме, туку и наша должност. И трето, оваа борба вреди за сите млади луѓе кои наместо отворени граници добиле ѕидови, за сите кои решија да заминат, но и оние кои допрва ќе решат да ја побараат нивната среќа надвор, мораме да создадеме иднина тука дома за нашата Македонија.

#СоздадиНоваИднина“, стои во неговиот пост на Фејсбук.