Мицкоски: Можеби има поубави метрополи, но ова наше Скопје е најубавото!

57 години од катастрофалниот земјотрес. На овој ден да си спомнеме за оние кои ги загубија животите, но она што е поважно, да ја одбележиме победата на животот, солидарноста и нескршливата волја на скопјани градот во кој живееме да се изгради, да никне од рушевините и да продолжи да се развива. Градот убав пак ќе никне. Можеби има поубави метрополи, но ова наше Скопје е најубавото!

Фејсбук статус на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.