Мицкоски: Можете да исечете цвет но не можете да ја спречите пролетта да дојде, новата иднина доаѓа

Пабло Неруда пишуваше- можете да исечете цвет, но не можете да ја спречите пролета на дојде! Новата иднина доаѓа. Подгответе се, а со новата иднина доаѓаат подобри времиња за сите луѓе во Македонија. Народе на Македонија, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци мора да знаете мојата битка е и ваша битка, а целата ни е иста. Земете учество во создавањето на новата иднина, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот завршен централен митинг во Штип.

„Оваа наша генерација, кажа тој, е таа која ќе се избори за промените, затоа излезете и гласајте“, рече Мицкоски и додаде:

„Тоа е најдобар одговор и на поткупот кој го прават овие денови и на притисоците. 150 евра по глас кои ги нудат знајте дека тоа се вашите пари, украдени во туѓите џебови. Но, треба да знаете зад параванот сте сами. Вие и вашето ливче, вие и вашата желба за иднина. Вие и нашата заедничка иднина“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.